Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Прилози

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Имаме амбиција, знаеме како да ја развиваме земјата и тоа е непроватен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Имаме амбиција, знаеме како да ја развиваме земјата и тоа е непроватен пат. Прашањето е дали ќе го одиме тој пат или повторно ќе бидеме заглавени на дното и наместо да бидеме активни, ние повторно ќе бидеме реактивни, порача премиерот Христијан Мицкоски.

Во последните една и пол година, Владата креирала 17 илјади нови работни места, што е повеќе од седумгодишната активност на ова поле на Владата предводена од СДСМ и ДУИ.

Реклама

Оваа влада започнувајќи од третиот квартал во 2024 година, завршувајќи со вториот квартал во 2026 година има креирано 17 илјади нови работни места.  Од 691 илјади вработени до 708 илјади вработени. Ако тоа го преточите во бројки ќе сфатите дека претходната влада за седум години нема толку работни места“, вели Мицкоски.

Вложувањата во високата технологија и гранките што ја сервисираат, според премиерот, ќе трасираат развојниот пат на македонската економија, но и ќе помогнат на враќањето на младите во земјава,

Очекувам голем дел од нашите, посебно млади коишто се наоѓаат надвор од Македонија да се вратат дома и токму тука да го продолжат животот со своите семејства, бидејќи тоа што можам да го видам, а посебно во Западна Европа, состојбата не е онаква каква што беше пред пет или десет години“, додаде премиерот.

Најголемиот дел од новоотворените работни места се во индустрискиот сектор.