Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Прилози

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Со црковни литургии изутрината започна да се слави Успението на Пресвета Богородица…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со црковни литургии изутрината започна да се слави Успението на Пресвета Богородица и заврши двонеделниот пост за големиот христијански празник. Православните верници низ цела Македонија ги наполнија храмовите и се собраа да го одбележат празникот познат кај народот и како Голема Богородица. Со молитви, запалени свечи, свечености, народни собири и панаѓури  верниците ја одбележаа божјата мајка.

Според верата, Мајката Христова, Богородица е заштитничка на леунките и на жените им помага при породувањето. Исто така и жените што немаат деца веруваат дека со милоста на Пресвета Богородица ќе добијат рожба поради што ги посетуваат нејзините цркви, изведуваат обичаи, се молат и принесуваат дарови. Од манастирот Успение на Пресвета Богородица во Матка се пренесе главната порака – да замолкне секоја тага и да се радува секое срце.

Реклама

„Затоа денес од ова свето место од Матка се придржуваме на молитвните на Богородица – да ги чува нашите домови, родители, деца, старци, пријатели и непријатели и да не сочува и од нас самите. Чувај ги оние што имаат многу и малку, кога има поделба донеси љубов, кога има очај донеси надеж.“ – порача Митрополит Австриско-новозеландски Никола.

Граѓаните си го честитаа празникот со пораки за здравје, среќа, љубов и почит.

„Денес е голем празник, да е за многу години, многу здравје, среќа, сите да се добронамерни со добри мисли, господ да е со нас. Здравје среќа и еден со друг повеќе да се почитуваме.“– велат граѓаните.

По литургијата, традицијата продолжува со заедничка трпеза и средби со најблиските.

„Секоја година помагаме, постиме и се причестуваме, овој ден нека биде водилка за сите христијани во Македонија.“- велат граѓаните.

Духот на празникот ја разбуди и солидарноста кај граѓаните. Во Матка се одржа и крводарителска акција. 60 годишниот Димче кој дарува крв по 83ти пат ги охрабрува младите да даруваат за да помогнат на оние кои најмногу им е потребно.

„Сум имал прилика да видам работи што не треба, на некој можеби му треба, едноставно спасување живот “– вели Димче Филипов.

Државниот врв испрати честитки по повод верскиот празник. Претседателката Сиљановска Давкова испрати пораки за мир, храброст, грижа и солидарност во заедницата. Претседателот на Собранието Африм Гаши им посака на граѓаните спокој, семејна топлина, меѓусебна почит и еднаквост.