Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

ЦУК: Осум активни пожари, три под контрола

  Во државава активни се осум пожари,а три се под контрола од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

  Во државава активни се осум пожари,а три се под контрола од вкупно 20 регистрирани на отворен простор заклучно со 18 часот – информира вечерва Центарот за управување со кризи. 

Во село Копаница во општина Сарај гори ниска вегетација, а во гостиварското село Трново и во селата Битово, Заград и Страјане во општина Македонски Брод зафатени се нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат.  Пожари има и над село Нежилово, во Чашка, кај местото викано Сватови (ниска вегетација и единечни дрва), во село Копанце во општина Јегуновце (мешана шума), над касарната во Прилеп (дива депонија и ниска вегетација), кај старите гробишта во Прилеп (ниска вегетација) кај охридските села Велмеј и Брежани (ѓубре и ниска вегетација), како и во прилепското село Црнилиште (ниска вегетација).

Под контрола се пожарите на депонија во Делчево и во село Црквенец, каде гори ниска вегетација,  како и кај селата Моране, Вртекица  и Рамни Габер во општина Студеничани и кракот кон село Палиград, над селата Вражале и Тисовица во општина Зелениково, каде гори мешана шума).