Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

Меџити: Пријателството меѓу Македонија и Турција останува силен мост на соработка

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, по повод завршувањето на дипломатската мисија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, по повод завршувањето на дипломатската мисија на амбасадорот на Република Турција во Македонија, Фатих Улусој, изрази благодарност за неговиот придонес и соработката во текот на неговиот мандат во земјава – се вели во соопштението од општина Чаир.

Меџити го истакна отворениот, пријателски и конструктивен пристап на амбасадорот Улусој, нагласувајќи го неговиот значаен придонес во унапредувањето на соработката и зајакнувањето на односите меѓу Северна Македонија и Турција.

„Амбасадорот Фатих Улусој, со својот отворен, пријателски и конструктивен пристап, даде значаен придонес во унапредувањето на соработката и зајакнувањето на односите меѓу нашите две земји. Му благодариме за одличната соработка и коректноста во текот на целата негова дипломатска мисија и му посакуваме многу успех во идните ангажмани. Пријателството меѓу Северна Македонија и Турција останува силен мост што заеднички ќе продолжиме да го градиме и зајакнуваме“, изјави Меџити.

Реклама

Завршувањето на мандатот на амбасадорот Улусој означува крај на еден период на плодна соработка, додека пријателските односи и партнерството меѓу двете земји остануваат цврста основа за продолжување и продлабочување на соработката и во иднина.