Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Честитка од МД „Илинден” по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

По повод празникот Успение на Пресвета Богородица, Македонското друштво „Илинден” – Тирана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод празникот Успение на Пресвета Богородица, Македонското друштво „Илинден” – Тирана денеска упати честитка до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до сите православни верници.

  • Дозволете ми во мое лично име и во име на друштвото и на македонско национално малцинство во Република Албанија, Вам лично, на вашето свештенство, на сите Македонци каде и да се во светот и на сите православни верници, да ви го честитам големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај.

Упатува желби за добро здравје, душевен мир, семејна среќа и топлина.

  • Празнувањето на овој голем празник значи празнување и почитување на семејството и семејните вредности, на разбирањето и љубовта кон ближните и подготвеноста за надминување на искушенијата. Со силата на светото име на мајката Божја во нашите молитви да се помолиме за здравје, љубов, благодат, душевен мир, среќа и топлина во нашите семејства. Ваше Блаженство, Ви ги упатуваме изразите на нашето највисоко почитување – се наведува во честитката.

Се посочува дека негувајќи ја традицијата го славиме денот на Мајката и заштитничката, молитвеницата и закрилницата на сите христијани, следејќи ги начелата кои нè прават човечни и се извор на нашата духовна сила.