Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Прилози

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Борбата со огнената стихија е деноноќна, а иако на моменти ситуацијата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Борбата со огнената стихија е деноноќна, а иако на моменти ситуацијата на терен се чини како сложена, сепак битката со пожарите и натаму е под контрола. Најкритично е во атарот на скопското село Копаница, во Сарај. Поради силниот ветер се создаде голема огнена линија долга неколку километри на планината Жеден, која почна да се движи кон Тетово. Надлежните се сомневаат дека овој пожар е намерно подметнат од пиромани и повикаа институциите да реагираат и да ги казнат сторителите. Поради непристапниот терен, на овој пожар беа активирани и ер тракторите.

„Нов пожар најверојатно намерно подметнат, не знаеме кои се мотивите, но полицијата работи на откривање на сторителите. Поради ветерот, пожарот се движи со голема брзина кон сртот, поради што одлучивме овде да ги активираме ер тракторите на дирекцијата кои започнаа со дејство. Од она што можам да го видам, се работи за огромна пожарна линија, која е долга повеќе километри. Поради сувата вегетација и ветерот овој пожар има капацитет да се рашири. Добро е што не гори квалитетна шума, горат пред се сува трева, грмушки, трња и други ниски растенија“, изјави Стојанче Ангелов – раководител на Главниот штаб за управување со кризи.

Уште една голема битка пожарникарите водат и во Тетовско, кај православните гробишта. И овој пожар, поради силината на ветерот, брзо се движи кон планината Шар Планина. На терен од земја гаснат тетовските пожарникари, додека од небо се фрла вода со полицискиот хеликоптер.

Реклама

„Со голема брзина, поради ветерот, се шири кон планината Шар Планина. Таму на лице место се наоѓаат тетовските пожарникари, кои со поддршка на полицискиот хеликоптер ќе се обидат да го стават под контрола“, изјави Стојанче Ангелов – раководител на Главниот штаб за управување со кризи. .

Пожарот кој со денови беснееше на Китка е целосно ставен под контрола. Последната битка се одвиваше доцна во ноќта и во раните утрински часови. Денес надлежните се надеваат дека целосно ќе го изгаснат, но сепак предупредуваат дека е можно злонамерници и несовесни граѓани повторно да го потпалат.

Во моментов, на територијата на Македонија регистрирани се вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои 5 се активни, 3 се под контрола, а 5 се изгаснати. Надлежните повторно апелираат за поголема свесност кај граѓаните. Да не се фрлаат отпушоци насекаде, да не се палат скари на отворен простор и, доколку забележат пожар или чад, веднаш да пријават. Во меѓувреме, забраната за движење низ шумите е продолжена до 30 септември.