Реклама

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Конфликтот меѓу САД и Иран во Ормускиот Теснец ескалира, цените на нафтата континуирано растат

Кривични пријави против три девојки кои го тепаа и го снимаа малтретирањето врз 14-годишното девојче од Куманово

Рокот истекува, договор за изборниот законик нема: Реформската агенда заложник на блокадата од СДСМ и Левица

Нафтата пламна, цените на горивата почнаа повторно да не горат, граѓаните стравуваат од нови поскапувања

Инспекторат за транспорт доби мобилни контролни центри од ЕУ

Проветрени, освежени и со нова енергија: Новиот владин тим на премирот Мицкоски стапува на сцена

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта на СДСМ ги дозволуваше грабежите во РЕК и ЕСМ од страна на Марковски компани, за возврат Заев и Филипче се богатеа

Заев и Филипче беа тие кои дозволуваа преку РЕК и ЕСМ, ним…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заев и Филипче беа тие кои дозволуваа преку РЕК и ЕСМ, ним омилената фирма Марковски компани да добива тендери со големи суми, а за возврат се богатеа и полнеа џебови од парите на граѓаните, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Дека има голем број на сомнителни тендери, говори и фактот што Марковски компани, за сличен тендер, една година земал околу 1500 денари саатница, додека пак другата година – 4000 денари. 

Сето ова немаше да биде сомнително, доколку цената останеше иста, или се зголемеше незначително, но разликата меѓу двата тендера е 90 милиони денари, пари на граѓаните.

Реклама

Сопственикот на Марковски компани, треба јасно да каже каде завршиле овие пари? Дали во џебовите на Заев и Филипче? Дали за бизниси во Бугарија и Дубаи? Дали за финансирање на СДСМ?

Овие тендери и грабежи немаше да бидат возможни ако врвот на СДСМ работеше чесно и одговорно.

Затоа потребно е да има правда и одговорност. Граѓаните мора да го направат вистинскиот избор, со твојот човек, за твоето место, за твојата иднина.