Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата трета година по ред со училишна кошничка на почеток на учебната година

Со почетокот на новата учебна година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со почетокот на новата учебна година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор. Мерката ќе трае заклучно со 30 септември годинава, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Трговците на големо се задолжуваат да ги намалат цените за најмалку 10%, додека трговците на мало за најмалку 15%. Оваа мерка опфаќа широк спектар производи неопходни за учениците како ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала, боици, пластелин, теста за моделирање, фломастери, линијари и дидактички материјали.

Ова е трета година по ред како Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ,  воведува училишна кошничка пред почетокот на учебната година, со цел да им го олесни месец септември на родителите, да ги заштеди семејните буџети и да го заштити животниот стандард на граѓаните. Заштедата е од особено значење за семејствата со повеќе од едно дете.

Реклама

Со оваа мерка, целта е родителите да им го обезбедат потребниот училишен прибор по пониски и попристапни цени, а септември да биде момент на радост и подготовка за новата учебна година.

Со вакви конкретни мерки, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политики кои носат директна корист за граѓаните и придонесуваат кон заштита на животниот стандард.