Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Темата мигранти е измислена од СДСМ за дневна политика, затоа и побегнаа од Собрание кога требаше да се дискутира за Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ: „Вистина излегува на виделина и СДСМ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ:

„Вистина излегува на виделина и СДСМ веќе не може да го скрие лицемерието, нивните лаги и манипулации.

Наводната загриженост за мигрантите се виде дека им е тема за дневна политика, за ширење страв и паника кај населението.

Реклама

Тоа се потврди и вчера во македонското Собрание, кога пратениците од СДСМ ја напуштија седницата кога требаше да се дискутира за Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција, поднесена од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Откако од СДСМ неколку недели устата не затворија за наводните мигранти, ширејќи паника дека само што не дошле во државата, за што сакаа да поднесат и резолуција во Парламентот, кога дојде ред народните избраници да дебатираат за непостоечката и од нив креирана лажна тема мигранти, пратениците на Филипче, како нечестивиот од темјан, заминаа од Собранието.

Тоа покажува само едно. Дека СДСМ едно зборува, а друго прави и кога доаѓа ред суштински да се дискутира и да се преземе одговорност, СДСМ го прави тоа што најдобро го знае. Бега далеку од очите на јавноста и вештачки одржува лажни и непостоечки теми, за да ги спаси политичките кариери на неколкумината останати во партија, како Филипче и Зоран Заев во позадина.

Настрана бегањето на СДСМ, Резолуцијата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата става крај на сите шпекулации, дезинформации и лажни сценарија кои токму СДСМ се обидува да ги наметне во јавноста, а се поврзани со наводно прифаќање мигранти или изградба на кампови.

Со овој документ јасно се отфрлуваат и се поништуваат сите аранжмани, одлуки и политики поврзани за кампови за мигранти донесени од поранешната влада на СДСМ предводена од Заев, на која дел беше и Венко Филипче.

Оваа резолуција го покажа вистинското и лицемерно лице на СДСМ и трајно ќе ја затвори, од нив измислената тема за наводни мигранти во Македонија.“