Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски профитирал од фирма која дала зелено светло за технички преглед на автобусот на Беса транс кој се запали, трагедија во која починаа 45 лица

Оливер Спасовски е дел од групата предводена од другарите Венко Филипче и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Оливер Спасовски е дел од групата предводена од другарите Венко Филипче и Зоран Заев на која основна дејност им се криминални активности. Спасовски заработи кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување, бидејќи во 2021 година како министер, овозможил на станица за технички преглед во општина Сарај да се стекне со противправна имотна корист од над 90.000 евра или околу пет и пол милиони денари. Спасовски и по предлог на надлежните не донел решение за одземање на овластување за технички преглед во законски предвидениот рок, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Што правел Спасовски? Си молчел и не го одземал овластувањето на фирмата за технички преглед, овозможувал таа да заработува нелегално, едноставно направил злоупотреба.

Но, трагедијата не завршува тука. Истиот технички центар дал зелено светло за технички преглед на автобусот на Беса Транс кој се запали во Бугарија, настан во кој загинаа 45 македонски граѓани.

Реклама

Спасовски кој е добро познат на јавноста по низа на нелегални активности од времето на министерувањето во МВР е должен низа на одговори. Како, дали земал пари за неодземање на овластувањето на фирмата, колку, дали можеби трагедијата со автобусот на Беса Транс му ја проработила свеста.

СДСМ ако сака да функционира како сериозна политичка партија има можност. Но, за тоа треба да се ослободи од лицата во истата кои се олицетворение на криминалот.