Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Се докажа дека нема ништо незаконски за прославата на 35 години, Филипче и СДСM да се извинат за лагите

По обелоденување на сите информации за проектот за прослава на 35 години…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По обелоденување на сите информации за проектот за прослава на 35 години независност и согледување на фактите дека нема ништо спорно и ништо незаконски, СДСM, Венко Филипче и нивните контролирани пера треба да ѝ се извинат на јавноста што ја лажеа – наведува ВМРО-ДПМНЕ.  

После сè, на површина излезе тоа дека Венко Филипче и СДСM се и против независноста и се антимакедонски елемент. Тие се срамат од помислата да имаме горд и среќен народ.

Таквата нивна позиција ја следат оркестрирани пера од СДСM, кои против поединци и уметници водат организирана хајка.

Реклама

Тука ќе ја видите сета немоќ и одработување за туѓи интереси. Попладне Венко се бори против некаква српска свест, а втората половина се бори за заштита на турбо-фолк и негов влез.

Затоа човекот сам се препознава во талогот кој ќе биде поразен.