СДСM упорно со лаги шири хистерија за да предизвика штета на државата и граѓаните, сега преку мали Фрчко кој исто треба кривично да одговара по член 315 од КЗ. СДСM упорно сака да направи паралела на состојбите во соседна Србија и Македонија, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.
Зборуваат за падот на нивниот прв другар Вучиќ, а забораваат дека падот и промените кои сега се во Европа и соседството прво почнаа кај нас, со падот на Зоран Заев и потоа со заминувањето на СДСM од власт.
А најмалку е соодветно СДСM и неговиот партиски врв наместен лично од Заев, како Венко Филипче и мали Фрчко, кои продукт на криминалното владеење и остатоци од најгустиот дел од талогот на СДСM.
Сега да се вратиме на прес-конференцијата на мали Фрчко, син на идеологот на СДСM Љубомир Фрчкоски, кои цел живот се во државниот систем и земаат плата од даноците на граѓаните.
Сега прават се токму на тие граѓани, од кои земаат плата, да им наштетат со случајот Алта банка.
Државата ги презема сите мерки за да ги заштити интересите, заштедите и парите на граѓаните, а СДСM прави се да предизвика паника и страв дека нивните пари се загрозени.
Затоа и по цели денови СДСM и претставници на партијата преку прес-конференции, изјави, соопштенија, јавни настапи свесно и со умисла креираат хистерија да предизвикаат штета на државата и кај граѓаните, штедачите, инвеститорите и доверителите чувство на несигурност.
И за ваквото однесување согласно член 315 од Кривичен законик, треба да одговара и Јон Фрчкоски, кој е последен во низата што се јави од партиската говорница.
Го повикуваме Јавното обвинителство да реагира и да ги истражи овие основни сомненија за делото саботажа.

