Реклама

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Македонија

Ученици од Општина Илинден во посета на градоначалникот Александар Георгиевски

Во рамки на воспитно-образовните активности на ООУ „Гоце Делчев“, ученици од четврто…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на воспитно-образовните активности на ООУ „Гоце Делчев“, ученици од четврто одделение остварија едукативна посета, на која имаа можност да се сретнат со градоначалникот Александар Георгиевски и поблиску да се запознаат со работата на локалната самоуправа и улогата на градоначалникот во истата, стои во соопштението на Општина Илинден.

Градоначалникот Георгиевски им посака срдечно добредојде на учениците, изразувајќи задоволство од нивната посета и интересот за функционирање на општината.

Во текот на средбата, учениците поставуваа интересни прашања поврзани со надлежностите и секојдневното работење на локалната самоуправа, а градоначалникот со задоволство одговори на нивната љубопитност и им ги доближи активностите на општината.

Реклама

Ваквите едукативни посети претставуваат одлична можност за најмладите да стекнат нови знаења, да ја развиваат својата љубопитност и да се запознаат со улогата и значењето на локалната самоуправа.