Реклама

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со ширење паника за Алта банка ја саботира заштитата на интересите на граѓаните

СДСM никако да престане со умисла да создава хистерија со цел да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM никако да престане со умисла да создава хистерија со цел да предизвика штета на државата и граѓаните, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Нивното однесување е неприфатливо.

Додека државата и надлежните институции прават се и ги преземаат сите мерки за да се заштитат интересите и парите на граѓаните, СДСM прави се тоа да го саботира.

Реклама

По случаите со креирањето хистерија со цел предизвикување страв, паника и несигурност кај граѓаните за водата за пиење во Скопје, во Гостивар, наводниот колапс на ПИОМ и ред други, па сега и со случајот со Алта банка, редно е СДСM да се освестат што прават.

Од друга страна го повикуваме Јавното обвинителство да реагира по член 315 од Кривичниот законик, за делото саботажа, каде што стои:

„Тој што во вршењето на својата работна обврска со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија на прикриен, подмолен или друг начин, ќе предизвика значителна штета за државен орган, установа или правно лице во кое работи или за друг државен орган, установа или правно лице, ќе се казни со затвор најмалку три години“.

Во делувањето на СДСM со држење прес-конференции пред витални државни институции како што е Народна банка и нејзиното секојдневно обвинување гледаме основи за ваквото дело, затоа што свесно и со умисла сакаат да предизвикаат штета на државен орган, правно лице, како и на штедачите, односно македонските граѓани.

СДСM мислат дека на тој начин ќе остварат политички бенефит и така ќе се факторизираат на политичката сцена во Македонија од која македонските гласачи целосно ги маргинализираа.

СДСM не се грижат ни за штедачите ни за доверителите на банката, тие прават се за да наштетат на процесот за заштита на интересите на граѓаните, државата, доверителите и штедачите