Реклама

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Македонија

НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово го одбележува патронатот

Националната установа, Центар за култура Куманово го одбележува патронатот денеска го одбележува …

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Националната установа, Центар за култура Куманово го одбележува патронатот денеска го одбележува  6 ноември, денот на раѓањето на композиторот и диригент Трајко Прокопиев, еден од основоположниците на современиот македонски музички живот.

Прокопиев е роден во Куманово на 6 ноември 1909 година. Тој е  еден од основоположниците на современиот македонски музички живот. Музичкото образование го стекнал во Белград, а го усовршувал на Прашкиот конзерваториум. По ослободувањето активно се вклучил во изградбата и развојот на македонските музички институции. Тој бил директор на Средното музичко училиште во Скопје, диригент на Радио Скопје, Македонската опера и Филхармонијата, а од 1958 до 1964 година ја раководел Националната установа „Танец“.

Неговиот творечки опус опфаќа хорски, камерни, оркестарски и музичко-сценски дела. Меѓу најпознатите се циклусот „Кумановки“, инспириран од музичкото и фолклорното наследство на родниот крај, балетот „Лабин и Дојрана“ и оперите „Разделба“ и „Кузман Капидан“. За придонесот во музичката уметност добил бројни признанија, меѓу кои и наградата АВНОЈ во 1977 година. Починал на 21 јануари 1979 година. Од НУЦК „Трајко Прокопиев“ посочуваат дека патронатот е потсетник на мисијата на установата да ги негува уметничките вредности и традицијата и да создава простор за новите генерации творци и уметници.

Реклама

– Патронатот не е само ден на сеќавање, туку и потсетник на нашата мисија – културата да живее, да се развива и да ги поврзува луѓето-наведуваат од установата.