Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема никаков кредибилитет да говори за енергетиката

СДСМ нема никаков кредибилитет да говори за енергетиката. Всушност во овие моменти…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ нема никаков кредибилитет да говори за енергетиката. Всушност во овие моменти нивниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски е се уште во бегство поради криминал. Таков е случајот со набавка на мазут, како и набавката на адитиви. И додека сеат лажна грижа државата се уште треба да ги плаќа фактурите од 300.000 евра месечно што треба да се плаќаат 15 години по ред.

И додека креираат паника со испадот на мрежата, да не се заборави дека нивниот лидер Филипче со денови е на одмор во Дубаи од каде има златна виза.

Предизвиците во производството на електрична енергија, особено во РЕК Битола, се токму благодарение на погрешните и нечесни политики што ги водеше СДСМ. Таму, вработените, за време на грејната сезона, па и во моментов, деноноќно функционираат во состојба на готовност за да се справат со сите предизвици и несоодветно одржуваната техничко-технолошка опрема.

Реклама

СДСМ функционира врз основа на шпекулации и фабрикувани полувистини. Да потсетиме, и пред пет месеци, среде грејна сезона, тврдеа дека РЕК Битола само што не колабирал. Сепак, фактите ја демантираат опозицијата.

Во енергетиката, особено во капацитети како РЕК Битола, не постојат инстант решенија и санација на состојбите преку ноќ. Она што СДСМ го уништи за седум години, е невозможно да се санира во краток рок.

Енергетскиот сектор е оставен во состојба на хаос и колапс како директна последица од седумгодишното недомаќинско и криминално владеење на СДСМ и нивните коалициски партнери.

Што затекнавме?

Преносната и дистрибутивната мрежа е во катастрофална техничка кондиција. РЕК Битола беше затекнат со уништена механизација и нерегуларно одржувани капацитети. Вработените работеа во небезбедни услови, а дел од поранешните менаџери се под истрага.

Дополнително, доделени беа премногу дозволи за фотоволтаични централи без ред и согледување на капацитет на мрежа, со моќност од 9500 MW кои ја надминуваат потребата за електрична енергија во државава повеќе од седум пати, со што директно се загрозува флексибилноста и адекватноста на електроенергетскиот систем.

Наследивме девастиран систем, со трансформатори од 1978-ма година. Криминално набавени нови трансформатори, со нереално високи цени кои се расипуваат две години после набавување, иако векот на користење би требало да е 40 години.

Исто така, поради криминални побуди, се каснеше со набавката на шант реакторот за корекција на напоните, и како што досега неколку пати сме потенцирале набавен е по нереално висока цена, додека во мрежа треба да биде пуштен во работа дури на крајот на 2026-та година.

Наследивме криминални договори за поправка на дотраени трансформатори, без визија и без водење на сметка на системот и државните стратешки интереси како што е енергетската стабилност.

Наследивме систем во кој средствата на граѓаните безмилосно и душмански се трошеа на спонзорирање на сомнителни спортски теретани и прикриени партиски активисти.

Наместо зголемена сигурност и стабилност преку поврзување со нашиот сосед Албанија, наследивме криминален договор преку кој се протежираа бизнис интересите на СДСМ и ДУИ.

Ова мора да престане. Потребни се системски реформи, одговорност за стореното и враќање на професионализмот и транспарентноста во енергетскиот сектор. Граѓаните заслужуваат сигурно, квалитетно и чесно управувано снабдување со електрична енергиja.

Јасно е дека СДСМ е синоним за криминал, корупција и предавства.