Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ намерно ја извртува јасната уставно-правна природа на Резолуцијата и продолжува со ширење паника

Наводите на СДСМ дека усвоената Резолуција е неуставна и дека ја нарушува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наводите на СДСМ дека усвоената Резолуција е неуставна и дека ја нарушува слободата на изразување претставуваат грубо неразбирање или свесна злоупотреба на уставно-правната природа на овој акт. Резолуцијата е политички акт на Собранието, со декларативен карактер, преку кој законодавниот дом изразува став, оценува појави од јавен интерес и утврдува политички позиции. Таа не е закон, не е подзаконски акт и не создава општообврзувачки норми, ниту пак воведува забрани, санкции или ограничувања на права и слободи, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттука, тврдењата дека со Резолуцијата се „гуши слободата на говорот“ се правно неосновани. Слободата на изразување, гарантирана со Уставот, може да биде ограничена само со закон, под строго утврдени услови. Во конкретниот случај, не постои ниту законска интервенција, ниту правен механизам што би ја ограничил политичката активност или јавното изразување на СДСМ или на кој било друг политички субјект.

Резолуцијата не забранува дебата, не забранува изнесување ставови и не воведува цензура. Таа осуда на дезинформации не претставува уставно-правна санкција, туку политичка оценка, што е целосно легитимно право на Собранието.

Реклама

Дополнително, уставната слобода на изразување не подразбира апсолутна слобода за ширење невистини, манипулации и намерно создавање паника кај граѓаните, особено по прашања што директно ја засегаат јавната безбедност и општествената стабилност. Политичката критика е дозволена и заштитена; дезинформациската кампања не е уставна вредност.

Апсурдно е СДСМ да зборува за „уривање на правниот поредок“, кога токму тие во минатото носеа одлуки и склучуваа аранжмани поврзани со мигрантски центри без транспарентност, без јавна расправа и без јасна политичка одговорност. Денес, кога преку Резолуцијата јасно се потврдува дека нема и нема да има мигрантски кампови, СДСМ се обидува преку Уставниот суд да ја продолжи сопствената лажна кампања.

Најавите за обраќање до меѓународни институции и „прогресивни сили“ не можат да ја сменат правната реалност:

1. Резолуцијата е уставно дозволен политички акт;

2. Резолуцијата не задира во човекови права;

3. Резолуцијата не создава правни последици по слободата на говорот.

СДСМ повторно избира паника наместо аргументи, политичка конструкција наместо уставно право. Вистината е едноставна и правно чиста: Резолуцијата е уставна, а лагите за мигрантски кампови се политичка манипулација!