Реклама

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

Груби излезе од куќен притвор, денеска ќе се дознае дали ќе го добие и пасошот

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Јавното обвинителство од Кочани побара притвор за бегалелката Ива Михаилова

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Само со СДСМ и Филипче е можно загрозување на јазикот

Загрозувањето на македонскиот јазик е можно само со СДСМ и Венко Филипче.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Загрозувањето на македонскиот јазик е можно само со СДСМ и Венко Филипче. Тоа до сега веќе се докажа и во пракса и сите граѓани го видоа. СДСМ на чело со Заев и Филипче, наместо да води државничка политика и да ги штити националните интереси, ги распродаваше кај ќе стигне, потпишуваше капитулантски и предавнички договори, само и само да остане ден повеќе на власт, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска.

Додека пак, Бисера Антоанета, наместо на суд да се докажува за своите криминали, се расфрла со лаги на прес-конференции. Ништо од тоа што зборува Костадиновска Стојчевска не е вистина, а во измислувањето и лажењето, СДСМ се докажани првенци.

Од друга страна ја потсетуваме Бисера Антоанета, дека глас не пушти дури шеташе на државен трошок и купуваше разни производи со службена картичка, додека Заев тврдеше дека македонскиот и бугарскиот се ист јазик.

Реклама

Така што потенцираме, ако некој го загрозува македонскиот јазик, тоа е токму СДСМ на чело со Филипче и Заев, и цела свита околу нив која свесно молчи и одработува за предавничките политики, само и само да останат во функционерските фотелји.