Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ревизорските извештаи го потврдија криминалното дејствување на СДСM во енергетиката, ЈО да ги процесира пријавите

Просто е неверојатно со каква леснотија, лажно душегрижништво, лицемерие и уличарски наратив…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Просто е неверојатно со каква леснотија, лажно душегрижништво, лицемерие и уличарски наратив СДС, партијата што целосно ја урниса македонската енергетика и ги запусти клучните енергетски капацитети  денес се обидува да пласира дегутантни ставови поврзани со енергетските политики и потенцијалните инвестиции. Истата таа партија, ги затрупа рудниците за јаглен со земја, душмански ги уништи рударско-енергетските комбинати Битола и Осломеј и го оставија АД ЕСМ да тоне во катастрофални загуби  и долгови, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. 

За тоа што правеле седум години со најголемата државна компанија, доволно говорат двата последователни ревизорски извештаи од Државниот завод за ревизија,  оној за работењето од 2017 до 2021 година, како и најновиот ревизорски извештај објавен вчера, кои црно на бело го потврдуваат нивното расипничко, криминално и недомаќинско однесување.

А да не зборуваме пак што всушност оставија освен пустош. Ниту една новоизградена и функционална електрана, ниту еден реализиран проект од кој граѓаните ќе имаа некакви придобивки. Една голема нула за инвестиции, милионски загуби и долгови, но за криминал очигледно се шампиони.

Реклама

Сега им смета и тоа што не се зголемува цената на струјата.  

По сите обелоденети наоди на државната ревизија, очекуваме Јавното обвинителство соодветно да се зафати со брзо процесирање на кривичните пријави поднесени од актуелното раководство на ЕСМ. Оние кои ја опустошија македонската енергетика, а денес кукавички се кријат зад партиски соопштенија, конечно очекуваме да си понесат заслужена одговорност.