Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

ВМРО-ДПМНЕ предложи резолуција против нелегална миграција, онаа на СДСМ уште никој ја нема видено

Резулуција со која ќе се стави крај на темата за мигрантите стигна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Резулуција со која ќе се стави крај на темата за мигрантите стигна во Собранието, но од влајдејачкото мнозинство. СДСМ иако со денови најавуваа,  до законадвниот дом немаат доставено никаков документ.

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ доставија Резолуција против нелегалната миграција и  осуда на манипулациите на опозицијата.  Утре ќе биде на дневен ред на пленарна седница.

Со документот што ВМРО го поднесе, се отфрлаат тврдењата за договори, кампови или трајно сместување мигранти во општините и се поништуваат сите претходни одлуки од Владата на Заев поврзани со оваа тема.

Реклама

Се оценува дека ширењето невистини поврзани со мигрантите е свесно и насочено кон создавање паника и нарушување на јавната стабилност. Резолуцијата ја потврдува определбата за заштита на националната безбедност и принципиелна надворешна политика. Предлагачите порачуваат дека со нејзиното усвојување институционално ќе се стави крај на шпекулациите и манипулациите.

Од СДСМ пак велат дека, не ја прифаќаат резолуцијата предложена од ВМРО ДПМНЕ, оценувајќи дека таа не содржи јасна и недвосмислена забрана за носење мигранти во Македонија.

Темата „Мигрантски кампови во Македонија“ веќе цела недела ја бранува јавноста  и ја вжешти полицитичка сцена. Со тврдењата на опозицијата се јавува страв кај граѓаните. Власта постојано ги демантира информациите на СДСМ дека се прави терен за прифаќање мигранти и дека тоа е пазарот за кредитот од Британија. Премиерот Мицкоски побара од Јавното обвинителство да реагира и да провери дали во шпекулациите на СДСМ има кривична одговорност поради насилство врз граѓаните предизвикано со сеење страв и паника.