Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Поранешен градоначалник одбил функција во СДСM, поради недоверба во лидерството на Филипче

Станува очигледно дека Венко Филипче нема капацитет да ја обедини сопствената партија,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Станува очигледно дека Венко Филипче нема капацитет да ја обедини сопствената партија, да ја реформира а уште помалку да понуди визија за државата. Со освоени само 120 илјади гласа и 6 општини партијата е во длабока политичка и организациска криза. Дека во СДСM под водство на Филипче постојат длабоки поделби и несогласувања меѓу највисоките структури во раководството говори и фактот на одлив на кадри каде искусни партиски членови и поранешни функционери се дистанцираат и заминуваат од СДСM, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Дали се точни информациите кои од Бихачка стигнаа до нас каде се тврди дека познат доктор и поранешен градоначалник, одбил функција во раководството на СДСM, поради сомнеж во лидерскиот капацитет на Филипче?

Филипче ја турка СДСM во лидерска криза. Филипче не ужива доверба и не е перципиран како лидер кој обединува а симпатизери и членови на СДСM не сакаат да бидат дел од раководните структури и се дистанцираат од партијата.

Реклама

Филипче нема авторитет и не успева да ја мобилизира базата и да наметне јасно лидерство. Партиското раководство е поделено без јасна стратегија и без кохезија. Дел од високите функционери го доведуваат во прашање капацитетот на Филипче. Со Филипче на чело СДСM станува се помалку релевантен фактор на политичката сцена.

Доколку нема сериозни реформи и одговорно раководство СДСM ризикува целосно да ја изгуби политичката тежина. На Македонија и неопходна силна и конструктивна опозиција која ќе биде коректор на власта.