Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Почит кон делото на претседателот Борис Трајковски, ја водеше државата во периоди на сериозни искушенија

ВМРО-ДПМНЕ им оддава почит на претседателот Борис Трајковски и на членовите на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

ВМРО-ДПМНЕ им оддава почит на претседателот Борис Трајковски и на членовите на неговиот кабинет и на екипажот, кои трагично ги загубија животите во авионската несреќа, се наведува во партиското соопштение.

Борис Трајковски останува запаметен како претседател во време на тешки државни предизвици, човек кој со смиреност и одговорност ја водеше Македонија во период на сериозни искушенија. Неговото дејствување беше насочено кон зачувување на мирот, стабилноста и меѓународниот углед на државата.

Неговата политика на дијалог и единство претставува потсетник дека државничката зрелост, храброста и чувството за одговорност се темел на секоја стабилна и суверена држава.

Реклама

Денес, повеќе од две децении подоцна, останува обврската да се чува државата, да се гради единство и да се продолжи патот на стабилност и напредок.

Нека е вечен споменот на Борис Трајковски.