Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Наспроти најавите и црните сценарија на СДСМ, цените на горивата се најниски во регионот, инфлацијата падна на 2,3%, јавниот и државниот долг се намалуваат

Кога СДСМ нема што да каже, ете ги ќе најдат некој да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кога СДСМ нема што да каже, ете ги ќе најдат некој да излезе на прес-конференција за да заплашува народ и да шири апокалиптични сценарија, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Уште од пред околу две години кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт зборуваа дека државата ќе банкротира, па после само уште не банкротирала, дека мигранти ќе доаѓале, дека цените на производите многу ќе поскапеле.

Што ли уште што не измислија.

Реклама

Наспроти сите нивни тврдења не само што државата не банкротира, туку по долг временски период имаме намалување на јавниот долг за 20 милиони и државниот за 40 милиони евра.

Додека цените на производите во континуитет се следат и се држат под контрола, така што сега инфлацијата се намалува за разлика од период на власт на СДС кога рушеше двоцифрени рекорди.

А, денес еве ги пак СДСМ кои сега ја пратија Јованка Тренческа да заплашува народот, да всади недоверба во граѓаните и пак да најавува дека цените ќе растеле.

Додека тие зборуваат дека цените ќе се зголемат, реалноста е сосема поинаква и тоа го потврдуваат сите надлежни институции и цените во маркетите. Така податоците на ДЗС за јули месец потврдија дека инфлацијата на годишно ниво значително се намали и изнесува 2,3%.

Во однос на цените на горивата, ги потсетуваме СДСМ дека тоа се берзански производи, но и покрај тоа, благодарение на мерките преземени од Владата, Македонија останува на најниски цени во регионот.

И, ако СДСМ и Тренческа имаат забелешки во однос на цените и откупот на пиперката им порачуваме да се обратат до кланот Заев, кои ја имаат најголемата фабрика за производство на ајвар.

Така да, наспроти најавите и црните сценарија на СДСМ како за банкрот на државата, така и за зголемувањето на цените, инфлацијата падна на 2,3%, јавниот и државниот долг се намалуваат, а цените на горивата се најниски во регионот.