Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Како што му пукна меурот од сапуница „мигранти за пари“, така на талогот на СДСМ му пука и најновата хистерија – прифаќање на француски предлог

Со секој изминат ден СДСМ и нејзините челници се повеќе и појасно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со секој изминат ден СДСМ и нејзините челници се повеќе и појасно се препознаваат и кажуваат дека тие се талогот во општеството којшто го труе народот со песимизам, дефетизам, со тези дека ова држава нема да успее. И тоа го прават со единствена цел да се убие  надежта кај народот, и таа малку што му останала по многубројните национални предавства и порази што му ги приредија токму тие, како Андреј Жерновски кои 20 години се во политика без ниту еден ден работен стаж во реален сектор, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Жерновски упорно ја турка темата и шири хистерија дека се водат тајни преговори за евроинтегративниот пат на државата, иако беше демантиран од надлежните институции.

Ама и таа тема, како и темата мигранти за пари ќе им пукне како меур од сапуница и ќе им остане само хистеријата и лагите.

Реклама

Како што лажеа државата само што не банкротира, ама еве ја две години власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Македонија не само што не банротира туку таа економски се консолидира, инвестира во капитални проекти, зголемува плати и пензии. Така лажат и за се останато.

Несудениот амбасадор и неуспешен градоначалник на Центар, можеби посакува, но ниту ќе биде прифатен францускиот предлог, којшто предавничката СДСМ слепо го прифати за ден повеќе да остане на власт, ниту ќе има отстапки од веќе утврдени позиции.

На Македонија местото и е во Европската Унија како рамноправна членка и почитуван рамноправен партнер, со зачувано национално достоинство и национални идентитетски обележја.

Така да, залудни им се обидите на талогот во СДСМ, кој го труе народот и сака да им ја убие надежта, да претстават дека сите се како нив и дека за власт и пари се спремни на секакви отстапки и предавства.

Заедно со народот ваквите предавници во СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги победи. Затоа што свежи се уште предавствата од СДСМ под раководство на Зоран Заев, кои се сега верни приврзаници на Филипче, како што е Жерновски, и тоа нема никогаш да се заборави.