Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Јакимовски очаен и во паника поради ревизијата во Карпош која ќе го разобличи неговото работење и злоупотребите

Јакимовски очаен и во паника поради најавената ревизија во Карпош која ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јакимовски очаен и во паника поради најавената ревизија во Карпош која ќе го разобличи неговото работење и злоупотребите, од што се плаши Јакимовски?

Стевчо Јакимовски наместо да покаже политичка култура и да честита на изборниот победник, се обидува да го минимизира поразот и да бара изговори преку создавање на алиби за изборни нерегуларности, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

Јакимовски наместо да се теши по неуспехот во Карпош, да се помири со фактот дека граѓаните го испратија во политичка пензија, народот избра визија, напредок и работа.

Реклама

Од што се плаши Јакимовски? Дали поради тоа што знае дека следи ревизија во Карпош на неговата криминална работа? Дали Јакимовски се плаши дека ќе излезат на виделина сите криминали, тендери во четири очи и матни зделки за време на неговиот мандат?

Јакимовски е свесен за неговите злоупотреби и нерегуларности во работата и токму поради тоа сега е во паника. Јакимовски се плаши од ревизијата што ќе го разобличи неговото работење во општината и се обидува да го пренасочи вниманието кон измислени изборни нерегуларности.

Јакимовски е одговорен за бетонизацијата на Карпош, а карпошани го казнија токму поради тоа што Јакимовски работеше за лични интереси и интереси на урбаната мафија, наместо за интересите на граѓаните.

Јакимовски да не се обидува очајнички во овие неколку дена да ги заштити структурите од урбаната мафија и да не потпишува документи, бидејќи ќе следи ревизија на целосното негово работење. Целосна ревизија на финансиското и урбанистичкото работење во општина Карпош.

Новото раководство на Карпош ќе работи посветено во интерес на граѓаните. Карпош ќе се развива преку проекти и работа, чесно и транспарентно. Карпош на чело со Лукровски ќе биде пример за успешна и модерна општина.