Реклама

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нуди уставни измени на брза лента, трет по ред од СДСМ спремен за национални отстапки

Филипче без кочници се додворува на Софија и нуди уставни измени на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филипче без кочници се додворува на Софија и нуди уставни измени на брза лента, трет по ред од СДСМ спремен за национални отстапки, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Венко Филипче е без рбет и со секоја своја изјава докажува дека за него и СДСМ не постојат никакви црвени линии кога станува збор за националните интереси.

Изминатиот период Филипче постојано се обидуваше да се доближи и се додворуваше на Бугарија преку давање изјави во јавноста, кои се спротивни на официјалните ставови на Софија, а во врска со македонскиот идентитет.

Реклама

Вчера, по половина час откако се формираше новата бугарска влада, Филипче не издржа и итсрча прв да честита со објава на социјалните мрежи во која за сопствената држава вели дека создавала вештачки конфликти со соседите.

По телевизиски настапи, Филипче, освен што потврдува дека е спремен да исполнува агенди на туѓи земји,   продава  и приказни за Европа и вели дека уставните измени би ги потпишал веднаш, без гаранција за Македонија дека ова е последна пречка на евроинтегративниот пат.

Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија, Францускиот предлог се печатот на влаадеењето на СДСМ, со што создадоа преседан и ја направија Македонија  да биде мета на уцени, блокади и билатерални спорови.

А Филипче и сега од позиција на опозиција, продолжува да тврди дека тоа биле успеси.

По Заев и Ковачевски, Филипче е третиот во низата од СДСМ, кој е подготвен да прави национални отстапки, затоа што единствена константа во СДСМ е борбата за власт, а во моментов со Филипче и за опстанок.

Додека од Бихаќка ја продаваат приказната за европска ориентација, паралелно се обидуваат да ги контролираат критиките на нивните социјалните мрежи, и да создадат некој впечаток дека нивниот ‘проевропски наратив’ е конзистентен со нивните постапки.

Од друга страна одржуваат и проруски релации.

Тука се примерите со Онишченко, на кого Заев и Филипче му дадоа македонско државјанство, Борче Марковски, почесен конзул на Белорусија во земјава, земја блиска до руската политика, кој доби 77 тендери од владата на СДСМ, како и Миодраг Давидовиќ Дака, за кој еден ден по формирањето на владата во 2020 година, менуваа ДУП во Тетово за проект во вредност од 200 милиони евра.

Филипче се продава и на домашна и на меѓународна сцена,  по телевизиски настапи се однесува како да седнал во премиерска фотелја , а не како да е опозиција и пред исчезнување од политиката, и како само тој да е едниствениот кој го знае патот до ЕУ,  додека СДСМ секој ден губи гласови, за што една од причините е и релативизирање на македонскиот идентиет како и предавничките политики, и со ова темпо, за брзо време, ќе стане маргинализирана партија.