Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев повторно нудат распродажба на Македонија за личен спас, државата не смее да биде жртва на сервилните политики на СДСМ

Македонија нема и не смее да биде повторно жртва на политиките на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија нема и не смее да биде повторно жртва на политиките на Венко Филипче и неговиот ментор Зоран Заев, кои заради личен спас и амнестија се подготвени повторно да водат политики на сервилност и да ги распродаваат државните интереси, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Венко Филипче знае и му е јасно дека без поддршка од надвор и без слугување на туѓи интереси и агенди нема политичка иднина во Македонија.

Венко Филипче знае дека има катастрофален личен рејтинг, партија која се распаѓа и нема личен кредибилитет. Токму затоа единствен механизам кој му останува на Филипче е сервилност и слугување на туѓи агенди од кои очекува поддршка за да дојде на власт и да ја зачува фотелјата на Бихачка.

Реклама

Филипче отворено нуди нови национални понижувања, нови отстапки и трговија со државните интереси само поради лична корист.

Македонија и граѓаните веќе еднаш ја платија цената на поданичките политики на СДСМ и цената на владеењето на СДСМ со корупција, криминал, понижувања и ставање на државата во подредена состојба на меѓународен план.

Народот не им верува на СДСМ и затоа нема да дозволи истите луѓе како Заев и Филипче кои го сменија името, го понижија народот и кои ветуваа европска иднина што никогаш не ја испорачаа повторно да ги лажат. Филипче и СДСМ да престанат да ја потценуваат интелигенцијата на македонските граѓани.

Македонија не смее да биде држава на уценети политичари кои се спремни за личен спас да ја распродадат.