Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Абази наместо да ги гони и сузбива криминалот и корупцијата, ги спасува криминалците од СДСМ и ДУИ

Ислам Абази како шеф на обвинителството за ГОКК, наместо да го гони…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ислам Абази како шеф на обвинителството за ГОКК, наместо да го гони и сузбива организираниот криминал и корупција, тој стана џелат на правдата, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Затворањето на постапката за предметот „Мазут“ за кој постојат основани сомненија за сторен криминал тежок 167 милиони евра е скандал и доказ за активирање на послушниците на Али Ахмети, Зоран Заев и Венко Филипче за одбрана на криминалците од СДСМ и ДУИ.

Влијанието на Заев, Филипче и Ахмети во правосудството е големо, особено кај поединци како Абази, и тоа најјасно може да се види од случаите како овој со мазутот и криминалот од 167 милиони, кога наместо правдата да се истера до крај и предметот да влезе во судска постапка, тој се затвора.

Реклама

Обвинителството кое го води комшијата на Ахмети, пред само една година побара притвор за 4 лица осомничени во овој случај, затоа што сметаше дека осомничените може да се дадат во бегство или да влијаат врз сведоци во постапката.

И сега наеднаш, после година дена обвинителите од истото обвинителство под команда на Абази, одлучуваат дека немало основ и докази да продолжи постапката за овој случај, иако цела јавност виде дека станува збор за тежок криминал, перење пари и сомнежи за загадување на животната средина.

Ваквата контрадикторност од страна на обвинителството кое го води Абази, кадар на ДУИ поставен во време на СДСМ, не може да биде базирана на правни или обвинителски аргументи, туку само на лукративно и политички основи.

Затоа, прво го повикуваме Башким Бесими од Советот на јавни обвинители, кој меѓу другото е роднина на поранешниот министер за финансии од редовите на ДУИ, Фатмир Бесими, да каже зошто Советот на јавни обвинители треба да седи на страна, кога е евидентно дека имало влијание од страна на Ислам Абази во така наречениот случај „Мазут“.

Исто така и обвинителката Катерина Коларевиќ да каже како утврдила дека нема никаква штета во случајот тежок 167 милиони евра, кога целата јавност виде и слушна за финансиска и еколошка штета, кога и самото ЕСМ поднесе жалба до повисоките судски инстанци.

И на крај, кадарот на Ахмети, Заев и Филипче, Ислам Абази да одговори, до кога планира да испочарува за ова криминално трио и наместо спроведувач на правдата, да биде џелат на правдата.

Македонското правосудство мора да се ослободи од ликови како Ислам Абази, за на нивно место дојдат професионалци со морален кредибилитет и интелектуален капацитет, за кои спроведувањето на правда е на прво место.

Ислам Абази треба да си поднесе оставка, за повеќе да нема контроверзни одлуки кои ги ослободуваат од кривична одговорност криминалците од СДСМ и ДУИ и да почне да се враќа довербата во судството која сега е минорни 2%.