Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Економија

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да ја испита улогата на Заев и Филипче во случајот со запленетата марихуана

Нема скандал а во тоа да не се замешани кланот Заеви и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема скандал а во тоа да не се замешани кланот Заеви и Венко Филипче. И во последниот случај со заплената на над 40 тони марихуана повторно се вплеткани имињата на Зоран Заев и Филипче. Заев сам ја потврди поврзаноста брзајќи да се оправда и да си ја тргне мувата од капата, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да се извини Заев на граѓаните за целиот криминал, тој индиректно си ја призна вмешаноста обидувајќи се да се одбрани и оправда пред јавноста.

На Заев и СДСM одамна веќе никој не им верува а неговите објави на социјалните мрежи и нервозните реакции само покажуваат колку директно е погоден за случајот со запленетата марихуана.

Реклама

Факт е дека темелите на бизнисот за марихуана ги постави владата на Зоран Заев во 2020 додека Филипче беше министер за здравство.

Факт е и дека околу 70 проценти од запленетата дрога деновиве, е на фирма во сопственост на луѓе на Заев.  Станува збор за фирма на лице кое било претседател на општинскиот одбор на СДС во Ново село. Тоа е Тони Котев познат како Мгчев кој пак бизнисите ги води со Вице Заев.

Каде се се јавувал Заев при запленета на петте тони дрога во Србија, зошто набрзина Филипче се упатил кон југ?

ЈО да ги истражи сите аспекти, меѓу кои и поврзаноста на Заев и Филипче.