Реклама

Пет пожари го кренаа Кавадаречко на нозе – огнот под контрола, се очекува целосно гаснење

Двајца Албанци од Македонија на црна листа во Албанија: Тирана се сомнева дека работеле за терористички организации

Водата во Гостивар останува само за техничка употреба, контролите ќе се засилат

Алфа анкета: ги почитуваат ли граѓаните препораките за топлотниот бран?

Нов сомнителен случај од Западно-нилска треска, на инфективна се уште има пациенти во критична состојба

Пријавени како туристки, а работат како танчерки во ноќни клубови – полицијата откри сомнителна шема за можна трговија со луѓе

Сушата ја тресе Европа: Се гасат нуклеарки, Македонија засега стабилна

Бензинот поевтинува за два денари, дизелот поскапува за денар- и понатаму најниски цени во регионот

Разговори зад затворени врати ДА: Но не смеат да се преминат црвените линии, како што тоа го направија СДСМ и ДУИ, кои прегазија сѐ

Охрид за време на илинденскиот викенд како да се прелеа од туристи

Суша, пожари, војна: И покрај кризата, во Македонија се очекува поевтинување на горивата

Европа гори и пресушува, Македонија ставена во обрач: Унгарија и Србија можат да останат без струја

Македонија

Владата вели дека наместо за 25 денари, шише вода за Гостивар набавила за 12,5 денари

Владата ги демантира информациите што ги соопшти СДСМ, во врска со набавката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата ги демантира информациите што ги соопшти СДСМ, во врска со набавката на вода за пиење за гостиварци кои се соочуваат со забрана за водата за пиење поради нејзина контаминација со фекалии. Од СДСМ рекоа дека водата за пиење што е обезбедена од владата за Гостивар, е набавена од фирма на градоначалникот на Кавадарци „Кожувчанка“, без тендер и за 100 илјади евра.

Во однос на набавката на флаширана вода, точно е дека постапката со преговарање ја спроведе Службата за општи и заеднички работи и обезбедува вода бесплатно за граѓаните, а договорот преку тендер го доби компанијата „Кожувчанка”. Но, исто така е факт дека шише вода од 1,5 литри кое во малопродажба чини најмалку 25 денари, Владата го набавува по цена од 12,5 денари. Тоа е возможно затоа што компанијата „Кожувчанка” учествува во набавката со сопствен придонес, со цел да им се помогне на граѓаните и институциите во услови на кризна состојба. Фактите се јасни и лесно проверливи. Обидите за нивно искривување нема да ја променат вистината. Пред фактите паѓа секоја манипулација. Апелираме, кога на ниту еден начин не помагаат, барем од СДСМ да престанат безобразно да лажат“, пишува во демантот на Владата.

Оттаму додаваат дека  Владата останува доследна на преземената обврска дека граѓаните на Гостивар ќе добиваат безбедна вода за пиење сè додека стручните лица и надлежните институции официјално не потврдат дека водата од водоводниот систем е исправна за употреба.

Реклама

Ова ветување целосно се исполнува и нема да биде доведено во прашање, пишува во демантот упатен кон СДСМ.