Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Прилози

Пријавени како туристки, а работат како танчерки во ноќни клубови – полицијата откри сомнителна шема за можна трговија со луѓе

Влегуваат во земјата како туристки, а ноќите ги минуваат забавувајќи ги гостите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Влегуваат во земјата како туристки, а ноќите ги минуваат забавувајќи ги гостите во ноќните клубови со егзотични танци. Последната акција на СВР Тетово откри 15 странски државјанки кои работеле нелегално во локали и го злоупотребиле туристичкиот престој. Но приказната оди многу подлабоко, надлежните се сомневаат дека станува збор за поширок синџир на нелегално вработување и за можна трговија со луѓе. Постои сомнеж дека танчерките и нивините менаџери  веќе подолг период го изигрувале законот.

При контролата во село Чегране во Гостивар, околу 2 часаот од слобода е лишан М.Х. 50 годишен од село Форино, Гостиварско. Тој откако ги забележал полициските службеници пред објектот, ја заклучил влезната врата и ги предупредил присутните да бегаат, но по брза реакција на полициските службеници, на задниот влез било спречено бегство на повеќе женски лица, странски државјанки.“ – вели портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Ова не е изолиран случај. Според информациите, меѓу приведените има и државјанка на Колумбија, а нејзини сонароднички и претходно биле затечени во вакви контроли, па депортирани назад во нивната родна земја.

Реклама

 „Поради злоупотреба на туристички престој односно престојување спротивно на целта приведени се вкупно 15 странски државјанки на возраст од 19 до 40 години од Србија, Албанија и Колумбија од кои 11 во Чегране и 4 во угостителскиот објект во подрачјето на полициското одделение Галате. Сите се задржани во полиција и по документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.“- вели Реџепи.

Македонија не е единствена држава во регионот што се соочува со злоупотреба на туристичкиот престој. При слични полициски акции во Србија, Босна и Црна Гора, полицијата открила странски државјанки што формално престојувале како туристки, а работеле во ноќни клубови.

И бројките покажуваат дека ваквите случаи не се реткост. Само во текот на 2025 година, полицијата во Тетовско-гостиварскиот регион спровела 43 контроли во ноќни локали, при што биле затекнати 129 странски државјанки, а против 81 биле поведени постапки поради незаконски престој или злоупотреба. Меѓу нив, покрај државјанки од Албанија и Србија, имало и од Колумбија, Бразил, Венецуела и Украина, што укажува на континуиран тренд на ангажирање на странски државјанки во ноќните клубови.