Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Мицкоски: Знаеле кој е Мацура, документите потврдуваат – Владата на СДСМ носи одлука за деловен однос со Алта Банка

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во гостување на една од националните телевизии,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во гостување на една од националните телевизии, вечерва истакна дека опозицијата точно знаела кој е Давор Мацура, документите потврдуваат дека Владата предводена од СДСМ во 2023 година носела одлука за деловен однос со Алта банка и со тоа се покажува нивното лицемерие, информира Владата.

„Со оној документ од 2023 година во којшто на владина седница тогаш коалиционите партнери СДСМ и ДУИ влегуваат во, би рекол, условно кажано деловни односи со Алта банка Србија, односно со лицето Давор Мацура, јасно го потврдува нивното лицемерие и двојни стандарди кога зборуваат за тоа што се случуваше досега“, потенцира премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски појасни дека документот ја побива тезата на СДСМ и ја покажува вистината односно дека токму дека Владата на СДСМ влегла во бизнис зделка со Мацура и Алта банка. 

Реклама

„Нивната теза беше дека ние сме имале лични врски со лицето Давор Мацура, кој бил личен банкар на Александар Вучиќ итн. И тие не го познавале лицето Мацура, Алта банка, тоа беше нивната теза. Што е документот од 2023 година кој денеска го презентирав и којшто се појави на некој од медиумите. Тоа е документ во кој  Владата на предлог на тогашниот министер за финансии на седница со која претседава тогашниот претседател на владата Димитар Ковачевски носи одлука да го овласти државниот правобранител да ја застапува во процесот каде македонската влада отуѓува сопствени акции на Алта Банка односно лицето Давор Мацура. Дали биле принудени или не биле принудени и тоа не е така и тоа не ја намалува погрешната теза дека оваа Влада влегла во бизнис зделки со Мацура и Алта банка.“, нагласи премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски додаде дека вистината е дека претходната влада па нека биде принудена е таа којашто влегла во деловни односи со Алта Банка и лицето Давор Мацура, а не оваа Влада. 

„Ние не можеме да влеземе затоа што станува збор за сопственици на акции на Стопанска банка АД Битола и Алта Банка Србија која од приватните сопственици купува акции, не од владата. А претходната влада точно знаела за лицето Мацура, за Алта Банка Србија.“, изјави премиерот Мицкоски. 

Во врска со тоа дали оваа Влада дала дозвола, премиерот Мицкоски појасни дека владата не може да дозволи или да не дозволи должничко доверителски односи или купопродажба на банка помеѓу две приватни лица да се одобри или да се спречи. 

„Ние сме Влада и сме надвор од тој процес. Доколку се испочитувани законските одредби, правилата, прописите ние само можеме да го следиме тој процес однадвор бидејќи не сме таа страна која може да дозволува или не дозволува. Таман работа ако државата се вплетка во бизнис одлуки на приватни компании, тогаш немаме пазарна економија.“, вели премиерот Мицкоски.

Вели дека на денешната надзорна расправа во Собранието сите лаги на СДСМ кои ги ширеа се распрснаа, бидејќи ниту Црна Гора, ниту австрискиот регулатор не ја блокирал банката поради руски капитал како што тврдеа од опозицијата.

„Црна Гора направила уште полошо. Тие ја прифатиле Алта Пеј, тоа е платежен систем. Уште полошо е. Јас незнам дали Алта Банка изразила желба да влезе на црногорскиот пазар или на друг тип на пазари и не ме интересира. Мене ме интересира што се случува на македонскиот пазар, но бидејќи во изминативе денови прилично навлегов во материјата можам да кажам дека австрискиот регулатор дозволил лицето Давор Мацура да се стекне со нешто помалку од 10% од Адико Банката или таа порано беше Хипо Алпе Адриа банка и подоцна да влезе во деловлни одности со Рајфајзен Банка. Сите ние ќе се сложиме дека Рајфајзен Банка е една од најмоќните банки во регионот. Така што обидот да се политизира и да се создаде политичка тема на која што тие мислат дека ќе профитираат денеска се распрсна како меур од сапуница.“, нагласи Мицкоски и додаде: 

„Затоа јас најљубезно ги замолив. Најљубезно ве замолувам, доколку не знаете или не сакате да помогнете барем оставете не да најдеме начин да го решиме проблемот. Од денешна перспектива јас сум убеден дека ќе најдеме начин да го решиме проблемот да можеме да спасиме тоа што може да се спаси, односно да видиме од вработените, луѓето коишто се доверители и банката да може да си продолжи да си работи.“

Во врска со тоа во кое својство се меша во изнаоѓањето на купувач за Алта Банка Мицкоски рече дека како премиер кој ја добил довербата од 600 илјади граѓани ќе стори се за да го реши овој или кој било друг проблем којшто ќе го забележи или антиципира.

„Јас навистина не можам да ги сфатам овие плитки тези. Кој е премиерот? Претседател на влада којшто добил легитимитет од 600 илјади граѓани и се ќе сторам што можам, проблем кој што се создава да го решам. Дали јас имам формално право да бидам овластен од некој орган да продавам или да купувам банки, немам, но како претседател на Владата кога гледам дека има проблем или потенцијален проблем ако антиципирам се ќе сторам за да тој проблем го решам.“, потенцираше Мицкоски.