Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Прилози

Охрид за време на илинденскиот викенд како да се прелеа од туристи

Продолжениот празничен викенд го преполни Охрид. Дури дел од домашните гости кои…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Продолжениот празничен викенд го преполни Охрид. Дури дел од домашните гости кои допатуваа во Охрид мораа да се вратат дома поради тоа што не можеа да најдат сместување. Градот го живее својот најдинамичен период. Илјадници посетители, преполни плажи, исполнети хотели и приватни сместувања, концерти и забава до доцна во ноќта.

„Многу е убаво, првпат сум во Охрид. Прославивме роденден на брод, неповторливо искуство. Не е скапо, но не е ниту толку евтино. Ако е за утеха, поевтино е од Шведска.“

„Прекрасно е. Никогаш порано не сум била овде и би сакала повторно да се вратам. Луѓето се љубезни, се чувствуваме безбедно и сигурно во градот. Чисто е, малку е поскапо отколку што очекувавме во рестораните, но се наоѓаат навистина убави места по солидна цена. Сепак, ова е туристичка дестинација која е далеку поевтина од Британија“, велат туристите.

Реклама

Туристичките работници се задоволни од пополнетоста, но имаат критики за однесувањето на туристите. Како и во секој голем туристички град, така и во Охрид, напливот на илјадници гости си носи и свои проблеми. Па така, до раните утрински часови младите дивеат по кејот и пристаништето, не знаат ниту каде заспиваат ниту каде се будат.

„Доколку ги немаме тие збиднувања и концерти кои ги привлекуваат младите, затоа што овој празник е познат по големата посетеност од младината, која, за жал, зад себе остава пустош. Колку и да го средуваме градот, колку и да работат службите, колку еден човек може да изнесе, никој не може да исчисти. Затоа треба подобра стратегија. Можеби треба да се размислува тие концерти некако да се разредат и да се одржуваат и во други периоди“, вели Јаким Маленко, сопственик на туристичка агенција.

Кејот и шеталиштето се најпосетените делови од градот, но бројните тезги дополнително го оптоваруваат просторот и го менуваат изгледот на крајбрежјето.

„Мора да се направи посебна стратегија, искрено. Немаме ништо против да има и таква содржина, но има и други делови во градот кои можеме да ги развиеме за да се презентира таквата содржина таму. Но, центарот е срцето, јадрото и презентацијата на Охрид. Мораме да го редуцираме, да ги оставиме само оние локали кои веќе постојат во тие стари објекти покрај кејот. И, секако, да дојдат до израз сите културно-историски споменици, езерото и Стариот град“, вели Михало Филев, еснаф на занаетчии.

Туристичките работници и еснафот на угостители се стремат и понудата да ја подигнат на повисоко ниво. Ако оставиме добар впечаток, велат, ќе привлечеме што повеќе гости кои повторно ќе се вратат во нашиот град.