Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

На „Охридско лето“ промовирана монографијата „Ана Липша-Тофовиќ“ посветена на големата македонска оперска примадона

Придонесот на Ана Липша-Тофовиќ кон македонската музичка култура и кон создавањето на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Придонесот на Ана Липша-Тофовиќ кон македонската музичка култура и кон создавањето на фестивалот „Охридско лето“ останува трајно запишан за идните генерации преку монографијата посветена на големата оперска примадона, што синоќа беше промовирана во рамки на фестивалската програма.

Монографијата „Ана Липша-Тофовиќ“, од авторите м-р Снежана Анастасова Чадиковска и проф. д-р Александар Трајковски, е објавена по повод 100-годишнината од раѓањето на уметницата, чиј солистички рецитал во црквата „Света Софија“ на 4 август 1961 година го означи почетокот на „Охридско лето“, фестивал кој годинава одбележува 66 години од своето постоење.

На промоцијата на која присуствуваше претседателката Гордана Сиљановска – Давкова која е покровител на фестивалот „Охридско лето“, се обрати директорот на фестивалот, Ѓорѓи Цуцковски, кој истакна дека со монографијата животот и делото на Ана Липша-Тофовиќ добиваат трајно сведоштво.

Реклама

„Несомнено, името на Ана Липша-Тофовиќ е нераскинливо поврзано со ‘Охридско лето’. Нејзината восхитеност од Охрид, а особено од храмот ‘Света Софија’ – неговиот амбиент, духовната енергија и извонредната акустика – ја поттикнала идејата токму овде да одржи целовечерен солистички рецитал. И токму од тој визионерски потфат започнува да се испишува приказната која денес, по 66 изданија, го сочинува богатиот и шаренолик мозаик на ‘Охридско лето’“, рече Цуцковски.

Тој додаде дека придонесот на Липша-Тофовиќ не е само во тоа што го одржала првиот концерт на фестивалот, туку и во фактот што благодарение на нејзината визија, црквата „Света Софија“ станала еден од најпрепознатливите концертни простори на „Охридско лето“.

Промоторот на монографијата, музикологот Марко Коловски, оцени дека станува збор за капитално дело посветено на великан на македонската музичка култура. Тој нагласи дека авторите преку темелно истражување успеале да го прикажат животот и уметничкиот пат на Липша-Тофовиќ, опфаќајќи ги нејзините оперски и концертни настапи.

„Авторите успеале на неверојатно ненаметлив начин, низ фактите и описот на нејзиниот однос кон делата што ги изведувала, да овозможат нејзиниот лик да ја добие токму нејзината вистинска физиономија“, рече Коловски.

Тој посебно го истакна истражувачкиот придонес на авторите, нагласувајќи дека ретко која книга опфаќа толку детално изведби на еден уметник преку соодветни критики и сведоштва.

Авторката на монографијата, м-р Снежана Анастасова Чадиковска, истакна дека за неа претставува голема чест да биде дел од создавањето на дело посветено на Ана Липша-Тофовиќ. Таа се присети на првиот концерт на големата уметница во „Света Софија“, на кој присуствувала како единаесетгодишно дете, оценувајќи го тој настан како трајно уметничко искуство.

„Беше тоа своевидно волшебство – не само прекрасната музика која по децении молк ја озвучи катедралната црква, туку и радоста на луѓето кои ги исполнија храмот и неговиот двор. Тоа волшебство до денес ме грее секогаш кога влегувам во овој храм или мислам за него“, рече Анастасова Чадиковска.

Коавторот на монографијата, проф. д-р Александар Трајковски, истакна дека со книгата е исполнет и аманетот на истакнатиот македонски диригент Фимчо Муратовски, кој оставил порака да не се заборава името и делото на Ана Липша-Тофовиќ.

„Стоејќи на местото каде што во 1961 година Ана Липша-Тофовиќ ја започна фестивалската одисеја на ‘Охридско лето’, чувствувам голема возбуда и одговорност, пред сè, поради нејзиниот музичко-сценски габарит со кој се вгради во темелите на современата македонска музичка култура“, рече Трајковски.

Придонесот на Ана Липша-Тофовиќ кон македонската музичка култура и кон создавањето на фестивалот „Охридско лето“ останува трајно запишан за идните генерации преку монографијата посветена на г

Авторите на монографијата се истакнати музички педагози и публицисти со значаен придонес во областа на македонското музичко книгоиздателство. Нивната досегашна соработка резултираше и со книгите „Зина Креља, сопран, првенка на Операта при МНТ“ (2018) и „Милка Ефтимова – Моето богатство“ (2020).