Реклама

Алфа анкета: ги почитуваат ли граѓаните препораките за топлотниот бран?

Нов сомнителен случај од Западно-нилска треска, на инфективна се уште има пациенти во критична состојба

Пријавени како туристки, а работат како танчерки во ноќни клубови – полицијата откри сомнителна шема за можна трговија со луѓе

Сушата ја тресе Европа: Се гасат нуклеарки, Македонија засега стабилна

Бензинот поевтинува за два денари, дизелот поскапува за денар- и понатаму најниски цени во регионот

Разговори зад затворени врати ДА: Но не смеат да се преминат црвените линии, како што тоа го направија СДСМ и ДУИ, кои прегазија сѐ

Охрид за време на илинденскиот викенд како да се прелеа од туристи

Суша, пожари, војна: И покрај кризата, во Македонија се очекува поевтинување на горивата

Европа гори и пресушува, Македонија ставена во обрач: Унгарија и Србија можат да останат без струја

Ахмети повторно се „разбуди“ со веќе видено сценарио: Разгорување национализам и блокирање на државата

Голем пожар се приближува до градот Мегара во близина на Атина, засега има пет загинати

Не се заборавени традициите и историските вредности: Државнички илинденски пораки на Мицкоски и Сиљановска Давкова

Прилози

Сушата ја тресе Европа: Се гасат нуклеарки, Македонија засега стабилна

Македонија нема да претрпи директна штета поради горештините и сушата. Додека другите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија нема да претрпи директна штета поради горештините и сушата. Додека другите држави масовно исклучуваат нуклеарки и излегоа со препораки за штедење струја кон граѓаните, земјава без поголеми проблеми. Аналитичарите велат Македонија нема нуклеарни централи, ниту дата центри кои бараат големи количини вода за ладење, па директен удар ќе нема. Сепак, препорачуваат внимателно да се управува со хидроцентралите, односно да се штеди производството. Преку ден да се испушта минимум вода, а да се произведува навечер кога потрошувачката е зголемена.

„Максимално да се купува евтина струја на берза. Минимално да се испушта количина вода дење кога има сончева енергија. Се чува, се штеди, мора да се испушти минимум за живите организми по долното течение на реката. А се чува хидроенергијата за попладневните, вечерните часови кога после 17, 18 часот, има нагло зголемување на потрошувачката на електрична енергија и кога цената е 3 до 4 пати повисока“ – вели аналитичарот Константин Димитров.

Ризиците можат да дојдат од зголемената цена на струјата на берзите. Владата веќе рече дека акумулациите се полни 70% за разлика од пред неколку години кога беа на минимални 8%. Аналитичарите велат дека во вакви ситуации на големи суши кои предизвикуваат проблеми во енергетскиот сектор станува важно колку треба час поскоро да се изградат државни хидроцентрали, како Чебрен и Галиште, како и оние по течението на Вардар.

Реклама

Државите долж течението на Дунав со нетртпение очекуваат дожд. Нивото на Дунав е повеќе од метар и половина под референтната вредност. Франција, Германија и Унгарија почнаа да ги исклучуваат нуклеарните реактори. Словенија брои денови до намалување и максимум недела до исклучување на производството од нуклерната централа Кршко, поради нискиот водостој, но и зголемената температура на реката Сава. Реката не смее да надмине температура над 28 степени, бидејќи тогаш водата станува неупотреблива. Унгарија и Романија вчера воведоа мерки за штедење струја кај бизнисот и граѓаните по 19 часот. И хидроцентралите во Србија произведуваат на минимум. Ниските водостои на Дунав, Рајна, Мозел, Меза, Сава веќе предизвикаа проблеми врз речниот транспорт, туризмот, земјоделството.