Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Македонија

Платформа за родова еднаквост бара институциите да обезбедат темелна стручна постапка за утврдување на околностите за случајот со 19-годишната Станка Михајлова

Платформата за родова еднаквост со внимание го следи случајот со 19-годишната СтанкаМихајлова,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Платформата за родова еднаквост со внимание го следи случајот со 19-годишната Станка
Михајлова, која по породување со царски рез се соочува со сериозни здравствени последици и моментално е во инвалидска количка.

Изразуваме поддршка за Станка и нејзиното семејство во овој исклучително тежок период и апелираме нејзините права, достоинство и здравје да бидат ставени во центарот на сите постапки.

Бараме надлежните институции да обезбедат целосно независна, транспарентна и темелна стручна постапка за утврдување на сите околности поврзани со случајот. Истовремено, апелираме до сите вклучени институции и здравствени работници да обезбедат почитување на достоинството, правата и безбедноста на пациентката во текот на целиот процес.

Реклама

Особено е важно младата мајка да не биде изложена на било каков притисок, заплашување или влијание при давањето изјави и споделувањето на своите искуства.

Неопходно е нејзините изјави да бидат дадени слободно, независно и без притисоци, а нејзината здравствена состојба и најдобар интерес да бидат во фокусот на сите постапки.

Ги повикуваме институциите да постапуваат со највисоко ниво на професионалност, одговорност и емпатија, имајќи предвид дека станува збор за млада жена и мајка која се соочува со сериозна животна ситуација и потреба од соодветна медицинска, психолошка и институционална поддршка.

Веруваме дека секоја жена има право на безбедна здравствена грижа,за време на бременоста и породувањето, како и почитување на нејзините права и пристап до правда и вистина. Очекуваме надлежните органи да обезбедат целосно, непристрасно и транспарентно расветлување на случајот, со цел да се заштитат правата на пациентката и да се зачува довербата во институциите.