Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Водата во Гостивар останува само за техничка употреба, контролите ќе се засилат

И покрај екстремното хиперхлорирање на градскиот водовод, водата во Гостивар сe уште…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И покрај екстремното хиперхлорирање на градскиот водовод, водата во Гостивар сe уште не е безбедна за пиење. Кризниот штаб кој го раководи министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека опасната бактерија “Псеудомонас” и понатаму е присутна во водоводната мрежа.Затоа не можат да се добијат трите последователни исправни лабораториски анализи.

Министерот Тошковски најави дека ќе се зголеми континуитетот на мерења на клвалитетот на водата од страна на повеќе институции.Тој смирува – граѓаните и понатаму ќе бидат обезбедени со бесплатна флаширана вода.

“Анализи на водата да се спроведуваат почесто, односно да се зголеми зачестеноста на мерењата на квалитетот на водата од страна на повеќе надлежни институции.Штом добиеме три последователни анализи што ќе потврдат дека водата е исправна за пиење на сите мерни точки во градот, ќе ги известиме граѓаните дека може безбедно да ја користат и за пиење, а не само како техничка вода, како што е случајот сега” – изјави Тошковски.

Реклама

Експертите во однос на бактеријата велат дека нема потреба од паника, проблемот со водоводната мрежа ќе биде решен во најскоро време.

И според инфектологот д-р Вело Марковски нема простор за паника во Гостивар, тој вели дека најлошото веќе е поминато. 

Додека институциите бараат решение, во екот на летните горештини, гостиварци водата можат да ја користат само за бањање, перење и миење садови, додека жедта ќе ја гаснат само со флаширана вода, донирана или купена.