Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Прилози

Алфа анкета: ги почитуваат ли граѓаните препораките за топлотниот бран?

Колапси, прегревања, топлотни удари. Дневно се регистрираат повеќе од 200 повици до…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Колапси, прегревања, топлотни удари. Дневно се регистрираат повеќе од 200 повици до Итната помош, а уште не сме ниту во пикот на топлотниот бран. Институтот за јавно здравје предупредува дека граѓаните треба многу да внимаваат. Не се под опасност само посатрите туку и помладите. Советите се непотребно да не се излегува, особено во најтоплиот период од денот. Деновиве итната помош интервенира од 40 до 50 пати во рок 24 часа. Нивните препораки за претпазливост се јасни.

„Да ги избегнуваат најтоплите часови од 11 до кај 17 часот барем. Да не излегуваат да се изгоруваат на овие температури надвор на сончевото зрачење коешто е екстремно високо во периодов. Да се избегнува пиење на алкохолни пијалоци да се зема што полесна храна да не е високомасна, да не е пржена храна. Да биде посоодветен внесот на течности редовно“, изјави Даниел Георгиевски, дежурен лекар во Брза помош

Граѓаните се свесни за влијанието. Велат дека внимаваат, но неизбежните обврски мора да ги завршат. Некои од нив и во најтоплиот период од денот, но сепак се прилагодуваат за нешто да може да се заврши и порано: 

Реклама

 „Затоа сега порано пазарам и после да се приберам дома. Се што се препорачува да се почитува.“
„До банка одам да земам пензија и бегај дома. Да купам по пат лепче и ајде бегај.“
„Сами пазариме од сабајле рано, се враќаме до 8- 9 нема излегување под клима на промаја…“

Лекарите велат дека постарите пациенти најчесто се жалат на крвниот притисок и шеќерот во крвта. Јавните места како автобуските постојки и пазарите, особено во најтоплиот период од денот се и најризични локации. Жешкото време влијае и врз однесувањето на возачите во сообраќајот кои треба да бидат уште повнимателни за да нема незгоди.  Од Упрвата за хидрометеоролошки работи велат дека температурите нема да стивнат до следната недела.

„И денес и до крајот на неделата времето ќе се задржи сончево и многу топло со мала и локална облачност, максималните температури ќе се движат во интервал до 40 степени за Македонија генерално за Скопје, за денес слично време со температура 38 степени.  Овој топол бран најверојатно ќе трае до 8-9 август кога се очекува постепено слабеење на висинскиот гребен којшто се наоѓа над Балканот“, изјави Марија Цветковска-Атанасова, синоптичар во УХМР

Симптоми од жешкото време  се главоболки, вртоглавици, омалаксаност и нагон за повраќање,како и главоболка поврзана со вкочанетост на екстремитетите и промена во говорот. Се препорачува да се конзумираат повеќе течности, но тие да не бидат престудени, да се седи во климатизирани простории а доколку чувствувате поголеми промени да се јавите на медицинска помош.