Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Николовски: Во јули остварена историски највисока наплата на приходи од над 14 милијарди денари, изградивме систем што испорачува резултати

Царинската управа во јули остварила историски највисокa месечна наплата на приходи од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Царинската управа во јули остварила историски највисокa месечна наплата на приходи од 14,14 милијарди денари, што е за 1,5 милијарди денари или 11,8 проценти повеќе од јули минатата година.

Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, вели дека ваквите податоци се доказ дека системот што се гради во изминатите две години ја зголемува способноста на државата да генерира повисоки приходи. 

-Најзначајниот аспект на фактот што по четврти пат во последните две години ги надминуваме рекордите во наплатата на приходи на историско ниво – почнувајќи од над 12 милијарди денари во јули минатата година и сега над 14 милијарди денари не е самата бројка туку трендот што го отсликува. Ова е доказ дека успесите не се изолирани случаи, туку резултат на ефикасноста на  системот што го градевме во изминатите две години. Ваквиот систем ни овозможува да генерираме повисоки приходи и да испорачаме подобри услови за живот за граѓаните, потенцира Николовски.

Реклама

Од Цринската управа информираат дека согласно анализата на наплатата на приходите остварена во јули, зголемувањето во најголем дел се должи на зголемените набавки на опрема од страна на Министерството за одбрана, зголемениот увоз на нафта и нафтени деривати, како и на зголемениот увоз на тутун и тутунски производи.

Кумулативно од почетокот на годинава заклучно со јули Царинската управа остварила вкупни приходи од 80,5 милијарди денари или 1,3 милијарди евра што, како што велат, е за 87,6 милиони евра повеќе од истиот период минатата година.

Николовски додава дека како институција која собира милијарди денари приходи за државниот Буџет, должност им е да обезбедат е подобри услови за водење бизнис и зголемување на конкурентноста на македонската економија.

-Нашата цел е јасна, градиме систем со кој безбедноста и полнењето на Буџетот не ја кочат економијата, туку се одвиваат паралелно преку модернизација и таргетирање на ризикот. Продолжуваме да градиме модерна, ефикасна и професионална Царинска управа која во континуитет испорачува резултати и придонесува за посилна економија, потенцира директорот на Царинската управа Николовски.