Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ со конкретни реформи и инвестиции обезбедува долгорочна енергетска стабилност за Македонија

– Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две години покажа дека енергетската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две години покажа дека енергетската политика бара визија, одговорност и долгорочни решенија. Наместо краткорочни мерки, се реализираат проекти и реформи кои ја зацврстуваат енергетската стабилност и ја намалуваат зависноста на државата од надворешни влијанија, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Еден од најзначајните резултати е повторното активирање на продуктоводот Солун-Скопје по пауза од 13 години. Со неговото ставање во функција се обезбедува посигурен транспорт на нафтени деривати, се зголемува стабилноста во снабдувањето и се зајакнува енергетската безбедност на државата.

Во исто време, Владата инвестира во создавање нови енергетски врски со соседните земји. Изградбата на гасната интерконекција со Грција е во напредна фаза, а се преземаат интензивни активности и за интерконекцијата со Србија. Овие проекти ќе овозможат диверзификација на изворите за природен гас, поголема сигурност во снабдувањето и поконкурентен енергетски пазар.

Реклама

Покрај капиталните инвестиции, се реализира и процес на модернизација на пазарот на електрична енергија. Преку функционирањето на Интрадеј пазарот и приклучувањето кон европските механизми за тргување, Македонија се интегрира во современиот европски енергетски систем, што носи поголема ефикасност, транспарентност и нови можности за домашната економија.

Дополнително се спроведуваат законски и регулаторни реформи со кои домашното законодавство се усогласува со европските правила. Новите стандарди за квалитет на течните горива, мерките за управување со ризици во снабдувањето со гас и зајакнувањето на стратешките резерви придонесуваат за создавање постабилен и поотпорен енергетски систем.

Грижата за граѓаните останува составен дел од овие политики. За првпат е воспоставен систем за мерење на енергетската сиромаштија, доделени се над 4.000 ваучери за инвертер-клима уреди, а обезбедена е и директна финансиска поддршка во износ од речиси 149 милиони денари за ранливите категории граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да инвестира во проекти кои ја прават Македонија енергетски посилна, посигурна и поконкурентна. Со јасна стратегија, современи реформи и капитални инвестиции се создаваат услови за стабилен економски развој, нови инвестиции и подобар животен стандард за сите граѓани.