Реклама

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Прилози

Суша, пожари, војна: И покрај кризата, во Македонија се очекува поевтинување на горивата

Со секоја испукана ракета кон Иран расте цената на нафтата. Со секој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со секоја испукана ракета кон Иран расте цената на нафтата. Со секој статус на Трамп дека се преговара цената паѓа. Берзите се во хаос. За среќа изминатата недела, беше во знакот дека се водат преговори, цените на светските берзи беа пониски и се очекува горивата во Македонија да поевтинат.

Нафтата од типот брент која е релевантна за македонската пресметка изминатата недела се продаваше за 88 долари за барел или за 10 долари за барел поевтино од претходно. Денеска нафтата продолжи дополнително да паѓа и до 83 доалри. Премиерот Мицкоски минатата недела рече дека очекува надолна корекција на цените веќе од задутре. Сега на потег е Регулаторната комисија за енергетика која утре треба да донесе одлука за новите цени.

Досега намалените акцизи и ДДВ го чинеа буџетот десетици милиони евра помалку. Аналитичарите велат дека досегашните мерки на Владата за одржување на животниот стандард даваат резултати.

Реклама

Споредено со другите држави, земјава успеа да ги задржи цените на горивата на најниско ниво на Балканот. Македонските возачи точат поефтин дизел од Бугарија, Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора и Романија. Слична е и состојбата и со бензините од 95 октани, односно премиум бензините. Според анализата, Романците и Хрватите плаќаат највисоки цени за дизелот.

Владата има простор за интервенција со нови мерки, бидејќи кризната состојба важи до 20-ти октомври. Премиерот претходно најави дека на стартот на август ќе се анализира дали има потреба од намалување на ДДВ кај горивата. Изминатиов месец, цената на дизелот „скокна“ за 18, а на бензините за 9 денари по литар.