Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Владата најави интервентна заштита на споменикот „Македониум“ и реконструкција и конзервација на целиот комплекс

Обезбеден е проект за интервентна заштита на споменикот „Македоумиум“ во вредност од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обезбеден е проект за интервентна заштита на споменикот „Македоумиум“ во вредност од 2,5 милиони денари што ќе биде реализиран до крајот на годинава, а НУ „Завод и музеј Прилеп“ работи на проект за целосна реконструкција и конзервација на целиот комплекс, информира денеска на прес-конференција портпаролката на Владата Марија Митева. 

Митева најави дека проектот ќе биде финализран до средината на седната година, по што Министерството за туризам и култура ќе ја утврди динамиката и планот за финансирање и целосната реконструкција. 

Прес-конференција на портпаролката на Владата Марија Митева.

Сегашната состојба на овој споменик, наведе портпаролката, не е резултат на негрижа од актуелната Влада, туку на долгогодишно одлагање и непостапување во изминатите години. 

Реклама

– Реконструкцијата на споменикот Македониумот почна пред повеќе години и требаше да заврши во 2017 година. Со симнувањето на скелето во таа година процесот беше насилно прекинат  оставен без потребна заштита. Од тогаш до денс цели седум години не било преземено ништо за негово завршување и заштита што остави длабоки последици на овој значаен култирен споменик, рече Митева. 

Истакна дека нема да бараат оправдувања и оти имаат обврска да го исправат тоа со преземање конкретни и одговорни чекори поради културната и националната важност на „Македониумот“.