Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Економија

Владата ја следи состојбата со инфлацијата – можни се мерки за транспортерите, но не и кај алкохолот и цигарите

Будно ја следиме состојбата и се разбира дека разгледуваме мерки што ќе бидат во корист на граѓаните – порача премиерот Христијан Мицкоски одговорајќи на новинарско прашање дали ќе бидат донесени нови економски таргет-мерки имајќи ја предвид стапката на инфлација. Мицкоски појасни дека просечната инфлација е под 4,5 во првите четири месеци и, како што рече, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Будно ја следиме состојбата и се разбира дека разгледуваме мерки што ќе бидат во корист на граѓаните – порача премиерот Христијан Мицкоски одговорајќи на новинарско прашање дали ќе бидат донесени нови економски таргет-мерки имајќи ја предвид стапката на инфлација. Мицкоски појасни дека просечната инфлација е под 4,5 во првите четири месеци и, како што рече, „е една од најниските, ако не и најниска во регионот“.

​- Од нашата анализа, конкретно за мајската инфлација, главниот двигател на тоа зошто е таа 4,7 % на годишно ниво за мај се два сектори, односно два типа на производи. Тоа се транспортните услуги, кои се двоцифрени, над 10 %, и блиску до двоцифрени се алкохолот, цигарите и тутунските производи. ​Тука јас навистина не би сакал да применувам мерки. Напротив, можеби треба уште поригорозни мерки затоа што нашата цел е да се заштити здравјето на граѓаните. Така што, во делот на алкохолните пијалаци, тутунот и цигарите, односно тутунските производи и цигарите, нема потреба од никакви мерки и еве однапред кажуваме дека тука нема да има мерки – истакна Мицкоски. 

Што се однесува во делот на транспортот, премиерот Мицкоски посочи дека Владата веќе разговара со транспортерите. 

Реклама

– Најголемиот дел е авионскиот превоз поради скапиот керозин, кој е двојно повисок. Така што, тука може да интервенираме повторно во делот на даноците – рече Мицкоски. 

Премиерот вели првин ќе видат што ќе се случува овој месец, а потоа ќе носат економски таргет-мерки за намалување на инфалцијата.