Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Влада: Усвоена е новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Со цел обезбедување услови и градење на институционални капацитети за спроведување финансиски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со цел обезбедување услови и градење на институционални капацитети за спроведување финансиски истраги, конфискација на имот, поврат на имот и управување со конфискуваниот имот, Владата ја усвои Стратегијата за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот за периодот 2025-2028 со Акциски план, информираат од владата.

Владата на Македонија со овој документ ја потврдува својата определба за борба против организираниот криминал и корупција, стремејќи се преку системски пристап да се зајакнуваат надлежните институции за спроведување финансиски истраги што би резултирало со конфискација на нелегално стекнатиот имот.

И најдобриот стратешки документ е само парче хартија доколку нема резултати од имплементација на зацртаните цели и активности.

Реклама

Оттука, го унапредуваме степенот на мониторинг, па покрај Националната комисија за финансиски истраги и конфискација на имот се воведува и Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот, се вели во соопштението на владата.