Реклама

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Македонија

Влада: Од Филипче не очекуваме да знае и да биде економист, но одговорноста налага барем да се консултира со некого што разбира бројки

Буџетот е стабилен и ликвиден. Сите обврски кон граѓаните, компаниите и институциите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Буџетот е стабилен и ликвиден. Сите обврски кон граѓаните, компаниите и институциите се сервисираат редовно и навремено. Реализацијата на приходите и расходите се одвива согласно планот и годишната динамика, при што најголема активност традиционално се бележи во последниот квартал од годината, информираат од Владата и нагласуваат дека ова е правило кое секој што барем површно ја следи фискалната политика го знае.

-Од Филипче не очекуваме да знае и да биде економист, но одговорноста налага барем да се консултира со некого што разбира бројки. Очигледно, советниците на Филипче не му ја завршиле домашната задача. Наместо да информираат, тие се обидуваат политички да го излизгаат со неточни податоци за економијата. Владата нема намера да учествува во евтини политички препукувања, но должноста е наша да ги изнесеме фактите, посочуваат од Владата.

Нагласуваат дека водат дисциплинирана фискална политика, буџетот за 2025 година е планиран внимателно и со јасна стратегија, со акцент на капитални инвестиции, економски раст и социјална стабилност.

Реклама

-Дефицитот е под контрола, јавниот долг е стабилизиран, а задолжувањата се во рамките на законските лимити и насочени кон развој, а не кон популизам. Во време на СДСМ, буџетските дупки се полнеа со непродуктивни задолжувања и јавниот долг беше зголемен за над милијарда евра без видлив економски ефект. Денес, зборуваме за одговорна и фискално дисциплинирана политика која создава реални резултати. Ова се конкретни факти, не конструкции. Проектираниот буџетски дефицит за 2025 година изнесува 41,4 милијарди денари, што е 3,3 милијарди денари пониско од 2024 година. Реализацијата досега изнесува 36,4 милијарди денари, што е во рамки на планот, прецизираат од Владата.

Јавниот долг заклучно со јули, посочуваат, изнесува 58,7 проценти, а се очекува до крајот на 2025 година да биде понизок од проектираниот 62,1 процент.

-Да го потсетиме ли Филипче дека од година за година го надминуваа овој критериум? Да го потсетиме ли Филипче дека во првите месеци од 2025 година, Министерството за финансии исплати еврообврзница од 500 милиони евра издадена во 2018 година од претходната Влада? Кога зборуваме за раст на инвестиции и економска активност, капиталните расходи заклучно со 14 октомври изнесуваат 20,8 милијарди денари, што е повеќе за 17,9 отсто во споредба со истиот период лани. Економијата расте, инфлацијата се стабилизира. Реалниот БДП порасна за 3,4 проценти во второто тримесечје од 2025 година. Стапката на невработеност се намали на 11,5 отсто што е историски најниско ниво. Инфлацијата е стабилизирана на 4 проценти во септември, со тренд на намалување. Ова се факти, не политички флоскули. Додека Филипче се обидува да создава паника со манипулации и полуинформации, Владата останува фокусирана на стабилноста, растот и подобрување на животниот стандард на граѓаните, порачуваат од Владата.