Реклама

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Свет

Вкупно 79 повредени луѓе во судар на два воза во Словачка

Вкупно 79 лица се повредени во судар на два патнички воза во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вкупно 79 лица се повредени во судар на два патнички воза во близина на главниот град на Словачка, Братислава, објавија локалните медиуми. Сите се хоспитализирани, но ниту еден не е во животно загрозувачка состојба, соопшти словачката итна медицинска служба. Прелиминарните извештаи укажуваат дека регионалниот воз занемарил знак за запирање и минал на пруга кон Братислава, каде се судрил со брз воз. Точните причини за несреќата се истражуваат. Телевизијата STV извести дека во двата воза во моментот на несреќата имало околу 800 патници, меѓу кои и многу студенти кои се враќале во Братислава од родните градови.