Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прес-релис

Видеолотарија Касинос Австрија со поддршка за културата

Во рамки на партнерството со Националната опера и балет, Видеолотарија Касинос Австрија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на партнерството со Националната опера и балет, Видеолотарија Касинос Австрија со особено задоволство ја најавува балетската претстава за деца „Доктор Офболи“, која на 26 септември ќе биде изведена на сцената на Националната опера и балет.

Со почеток во 19:00 часот, најмладата публика ќе има можност да ја проследи една од најпознатите и најгледаните балетски претстави наменети за деца приказна исполнета со музика, танц, авантури и бајковит сценски свет. Во светот на „Доктор Офболи“ животните зборуваат преку танцот, пријателите си помагаат, а добрината секогаш го наоѓа својот пат. Претстава преку игра, музика и фантазија им зборува на децата за пријателството, храброста и грижата за другите. 

„Доктор Офболи“ е создадена според познатата сказна на рускиот писател К. Чуковски, со музика на Игор Морозов. Кореографијата е на познатиот руски балет-мајстор Михаил Крапивин, додека сценографијата и костимите се дело на Живојин Трајановиќ и Марија Пупучевска.

Реклама

Во претставата настапуваат солисти и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет, кои преку танцот ја оживуваат приказната за добриот доктор Офболи и неговите необични авантури.

Динамичната кореографија, впечатливата сценографија, живописните костими и музиката создаваат волшебна атмосфера во која балетот им станува близок и разбирлив на најмладите.

Поддршката на културата и културните проекти е значаен дел од општествената одговорност на Видеолотарија Касинос Австрија. Горди сме што преку партнерствата со националните културни институции даваме свој придонес кон создавање содржини кои ги инспирираат најмладите и ја збогатуваат културната сцена во земјата.

26 септември | 19:00 часот

Национална опера и балет

„Доктор Офболи“ – балетска приказна за најмладите