Реклама

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Македонија

(Видео) Стадионот во Штип во катастрофална состојба: Парите земени, роковите пробиени!

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се соочува со сериозни проблеми при реконструкцијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се соочува со сериозни проблеми при реконструкцијата на стадионот во Штип, во рамки на програмата „Хет-трик“ на УЕФА, што предизвикува загриженост за навременото завршување на проектот, пренесува ММС.

Имено, авансот за изградба на западната трибина на стадионот во Штип е исплатен уште во 2021 година, но речиси четири години подоцна, објектот се уште не е комплетно реконструиран. Финалниот рок за завршување и технички прием е 31 јули 2025 година, но според тековните информации, изгледа дека и овој рок ќе биде пробиен.

На 10 мај беа забележани сериозни недоследности и оштетувања: фасадата е уништена поради протекување на атмосферска вода, тоалетите остануваат недовршени, влезните врати се лошо изведени, а опремата за греење и ладење што е запишана како инсталирана во реалноста не постои. Исто така, нема функционирачка автоматска дојава на пожар, иако документите покажуваат дека треба да биде поставена, додека челичната конструкција кородира поради неадекватна обработка.

Реклама

Директорот на фирмата која го реализира проектот, ДЕКОН, сè уште не ги објасни причините за забавувањето, додека ФФМ најавува дека ќе ги преземе сите законски мерки доколку условите не бидат исполнети до наведениот рок.

Од Општина Штип велат дека додека не завршат градежните работи на првата трибина, не можат да започнат со изградба на втората трибина. Оттаму најавуваат дека по завршувањето на првата фаза, тие ќе преземат обврски за следните активности и ќе информираат за натамошниот тек.

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, претходно ги информираше членовите на Управниот одбор за состојбата на сите стадиони во Штип, Охрид и Кичево, кои се дел од програмата „Хет-трик“. Со оглед на моменталното темпо на работа, постои реална можност да бидат пробиени сите договорени рокови, што ќе значи воведување на санкции согласно законските прописи.

До овој момент, за реконструкцијата на стадионот во Штип се потрошени околу 2,3 милиони евра, а за ситуацијата се очекува појаснување од сите инволвирани страни.