Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Вицепремиерот Николоски очекува убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски очекува најубедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски очекува најубедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори што треба да се одржат во октомври годинава. Според него, партијата ќе има далеку подобар резултат од минатите локални избори. За опозицијата рече дека ќе се движи од нула до три градоначалници максимум.

– Ние сме подобри од изборите од минатата година, но она што е важно е дека ќе имаме далеку подобар резултат од локалните избори и не е нереално дека опозицијата ќе движи меѓу нула и три градоначалници максимум, рече Николоски.

За Град Скопје, рече дека ќе одат со партиско решение поучени од минатото.

Реклама

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите рече дека кандидатот за градоначалник на Скопје ќе биде познат кон средината на јули и дека има неколку имиња кои се предмет на анкети.

Николоски ја отфрли можноста за одржување на предвремени парламентарни избори додавајќи дека ги исполниле трите клучни ветувања дадени во предизборната кампања, а тоа се ДУИ да оди во опозиција, да не виткаат кичма пред Бугарија и да дадат силен фокус на развој на економијата.