Реклама

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Македонија

Вицепремиерот Арбен Фетаи поднесе оставка

Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи,  денеска соопшти дека поднел оставка од функцијата и ја доставил до премиерот Христијан Мицкоски. Во објавата на Фејсбук во која информира за оставката, Фетаи вели дека од функцијата заминува со крената глава и чиста совест. – Ова е добро смислена одлука, донесена со уверување дека во моменталните околности е […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи,  денеска соопшти дека поднел оставка од функцијата и ја доставил до премиерот Христијан Мицкоски.

Во објавата на Фејсбук во која информира за оставката, Фетаи вели дека од функцијата заминува со крената глава и чиста совест.

– Ова е добро смислена одлука, донесена со уверување дека во моменталните околности е најправедниот и најдостоинствениот чекор. Во текот на овие две години имав чест и привилегија да ѝ служам на земјата, придонесувајќи за реформи насочени кон зајакнување на одговорноста, транспарентноста и владеењето на правото. Им благодарам на сите што веруваа во мене, ме поддржуваа и соработуваа на ова патување. Дали сум целосно задоволен со постигнатото? Секако дека не. Секогаш има место за повеќе и за подобро. Но, дали работев со најголема посветеност да поставам цврсти темели на кои може да се гради понатаму? Без двоумење, да, наведува Фетаи.

Реклама

Во оставката, тој изразува благодарност за укажаната доверба да ја врши функцијата вицепремиер за добро владеење, но додава дека во сегашните околности, повеќе не постојат неопходните услови за функцијата да ја извршува со потребната ефикасност и од тие причини се повлекува од должноста. 

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за оставката на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи, рече дека истата ќе биде архивирана утре, додека во однос на реконструкцијата на Владата, посочи дека ќе се разговара со коалициските партнери.

-Jас неколку пати во минатото зборував дека ние разговаравме. Господинот Фетаи поднесе оставка денеска, таа ќе биде архивирана утре. Така што, како што знаете, во јуни не очекува реконструкција на Владата, и ќе видиме ќе разговараме со нашите коалициони партнери во рамките на Владата, рече Мицкоски.

Посочи дека Фетаи во оставката се заблагодарува за работата со него како премиер, како и со останатите колеги во рамките на Владата.

На новинарско прашање кога ќе биде реконструкцијата и кои министерски места ќе се сменат, рече дека во соодветно време јавноста ќе биде информирана за сите детали околу реконструкцијата.